раздримување

.петмина визуелни уметници за момент преку нивното дело имаа за цел да испровоцираат, да натераат на размислување, освестување и поголема колективна одговорност кон вредностите на регионот, препознаени и од УНЕСКО како светска природна и културна реткост. Тие се впуштија во еден експериментален и истражувачки пристап на создавање визуелни сензации кои овозможуваат разновидни перцепции и создаваат специфични искуства. Делото во целина претставува колаборативен проект-инсталација дизајнирана на конкретна локација. Низ процесот на создавање на делото уметниците се предводени и инспирирании од специфичноста на природните материјали: трска, камен, вода, тиња. Фокусот на интерес е во насока на истражување, преиспитување на важноста за природното светско наследство во релација човек-природа. Учесници: Филип Велковски, Сали Ертунч, Милко Нестороски, Викторија Попоска и Горан Ристовски Локација: поранешно „Синема“ кафе Датум: сабота, 10 август 2019 Активноста е помогната од Министерство за култура, како и во копродукција со НУ Центар за Култура „Браќа Миладиновци“ Струга во рамки на годишната ликовна програма.

1.07. Проекција на „Силвана – разбудете ме кога ќе се разбудите“ во соработка со Skopje Film Festival и Stichting art. 1 12.07. „Месечината на Јупитер“ во соработка со во соработка Браќа Манаки 13.07. „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ во соработка со Браќа Манаки DrimOn