ИНКА и Креативни и активни, на 24.11.2017, беа домаќини на настанот на кој се слушнаа размислувањата на граѓаните од Струга, по однос на нацртот за четиригодишната стратегија која треба биде донесена од страна на Министерството за култура и Владата на РМ, до крајот на 2017 година. Меѓу панелистите на расправата имаше претставници од Министерство за култура( вработени и советници, дел од авторите на документот), претставници на независната сцена, претставници од културните институции во Струга. Присуството на бројните работници во културата, институции, поединци, граѓански организаии од Струга, придонесе за плодна расправа, на која се упатија позитивни оценки за партиципативниот пристап во градењто на стратегијата, значајниот удел и фокус на независната сцена во самиот документ; критики и сугестии за внимателна и суштествена имплементација на стратегија, а беа упатени и апели за сериозно заземање на Министерството за култура – за развојот на културниот живот во Струга и афирмација и унапредување на УНЕСКО статусот на регионот. Настанот е дел од циклусот дебати кои се организираа во рамки на проектите чии носители се Jadro Association | Јадро Асоцијација | Jadro Asociacioni и Здружение за култура -Транзен. Проектите се финансирани од страна на Фондација Отворено општество – Македонија и USAID Macedonia.